Новости

Економија

Бензинот поскапува на 77,5 денари за литар, дизелот е 67,5 денари

Поскапуваат горивата. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека цените на бензините се зголемуваат за два денари, а на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два и половина денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денари за килограм и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 денари. 

Од 13.10.2021 година од 00:01 литар моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 75,5 денари за литар, моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5 денари за литар. Литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 67,5 денари, а масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 67 денари за литар.

Евротип
Евротип
To Top