Новости

Економија

Германија и официјално во рецесија

Падот на капиталните инвестиции, приватната потрошувачка и извозот ја турнаа германската економија во рецесија во првиот квартал од 2020 година, според објавените детални податоци кои ја покажуваат висината на штетата предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Федералното биро за статистика, Destatis, соопшти дека капиталните инвестиции паднале за 6,9 проценти, приватната потрошувачка 3,2 проценти, а извозот за 3,1 проценти, пренесува Reuters.

Тоа значи дека приватната потрошувачка имала негативен ефект од 1,7 процентни поени врз вкупната економска активност, а нето трговијата 0,8 процентни поени, што резултирало со пад на бруто домашниот производ од 2,2 проценти во првиот квартал.

GOLD
To Top