Новости

Економија

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар

Дизелот поскапува за 3,5 денари за литар од ноќеска на полноќ. Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапи за 1,5 денари за литар а бензините за два денари одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката малопродажните цени на нафтените деривати во просек ќе пораснат за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ и на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

СН Брокер
To Top