Новости

Економија

Грчките компании лани свртеле 273,5 милиони евра – „Веро“ убедлив шампион, ја зголемил добивката за 28%

Десетте топ грчки компании, од својата работа кај нас, минатата година оствариле вкупен приход од 273,5 милиони евра, што е 40 милиони евра помалку од приходот што го направиле во 2019 година. Нивната добивка, пак, за 2020 година изнесувала 13,5 милиони евра и е за 3 милиони евра помала отколку во 2019 година.

Ова го покажува анализата на порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк. Податоците покажуваат дека најголем шампион, како во однос на приходот, така и во однос на добивката е „Веро“. Приходите на оваа компанија лани биле 88.300.000 евра и биле за 5,7 проценти поголеми во однос на 2019 година. Но, добивката остварила многу поголем раст од растот на приходите. Така, „Веро во 2020 година имал добивка од 10.500.000 евра, а во 2019 година имал добивка од 8.200.000 евра. Значи, лани овој трговец имал раст на добивката од 28,15%.

Трговците со струја лошо поминале

Во првите 10 топ грчки компании има и две компании што се знаимаваат со трговија на струја , но податоците покажуваат дека тие не поминале добро на енергетскиот пазар. „Енерџи диливери солушн“ лани остварил загуба од 3.750.000 евра, а компанијата „Грин енерџи трејдинг“ ја намалила ланската добивка за 66 проценти, со што била во плус 79.600 евра.

Како што објаснуваат упатените, ова глобално беше лоша година за трговијата со електрична енергија, затоа што цената на светските берзи имаше пикови во кои тие беа дури три пати повисоки во однос на ланските цени. Трговците пак, склучуват договори за подолг период за испорака на електрична енергија по однапред договорени цени.

ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД АНАЛИЗАТА ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА PARI.COM.MK

Евротип
Евротип
To Top