Новости

Економија

Денеска состанок на Регулаторна, од ноќеска нов ценовник за горивата

Регулаторната комисија за енергетика денес ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на горивата се зголеми два пати, редовно во понеделник и уште еднаш во средата поради промена на цената на акцизата.

Дали и денес ќе има повторно поскапување на горивата ќе се знае по одлуката на РКЕ.

GOLD
To Top