Новости

Економија

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 104 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 103 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе чини 109,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 111,50 , а Мазутот М-1 НС за 53,305 ден/кг. (Р.Н.)

Евротип
SNBROKER
To Top