Новости

Економија

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 % во однос на одлуката од 28.11.2022 година.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 2.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 86,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,230%, кај дизелот за 2,811%, кај екстра лесното за 1,639% и кај мазутот зголемувањето е за 4,350%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,614%.

Евротип
SNBROKER
To Top