Новости

Економија

Дизелот по стара цена, бензинот поевтинува за половина денар

Од вечерва на полноќ се намалува цената на бензинот за половина денар, додека цената на нафтата за возилата и за домаќинствата останува непроменета. Регулаторната комисија за енергетика потсетува дека трговците може да формираат и пониски цени од тие што се утврдени како максимални.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41%, според која од вечерва на полоноќ за половина денар поевтинува бензинот, а дизел горивото останува по стара цена.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,00 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 61,00 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 50,50 денари за литар), колку што изнесува и цената на нафтата за домаќинствата.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг и ќе изнесува 26,754 ден/кг.

Регулаторната комисија соопштува дека во изминатите седум дена референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 2,515 проценти, кај дизелот има зголемување за 0,074 процентги, додека пак кај екстра лесното масло (за домаќинствата) за 0,415 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,006%.

Од Регулаторната комисија потсетуваат дека трговците на големо и мало можат да ги утврдат своите цени и на пониско ниво.

GOLD
To Top