Новости

Економија

Доделени повеќе инвертери од планираните во акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери” – еве колку се во Општина Битола

Акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери” донесе повеќе високоефикасни инвертер клими за домаќинствата од тоа што се очекуваше. Акцијата спроведена во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021 со средства од АД ЕСМ во износ од 10 милиони евра и со одлука на Владата, обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со регистрирана највисока аерозагаденост и напуштање на греењето на цврсти горива кои загадуваат.


За остварување на оваа мерка владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.
Владата ги префрли средствата во наменски фонд, од каде се распределија на Град Скопје, општина Тетово, општина Кичево и оштина Битола.
Субвенционирањето се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“.
За субвенции во Скопје можеа да аплицираат и домаќинставата од општините кои не се во склоп на Град Скопје односно Арачиново, Сопиште, Илинден. Предност во процесот имаа семејствата кои имаат месечни приходи до 30.000 денари.

Градот Скопје наместо предвидените 5200, досега додели 6150 субвенции за инвертери, затоа што дел од субвенционираните баратели имаа потрошено помалку средства од предвидениот максимум од 62 илјади денари.
За акцијата беше доделен буџет од 322.400.000,00 денари, исплатени се 298.416.632,00, а останати 23.983.368 денари, кои се доволни за уште околу 400 инвертери за кои ќе биде распишан нов повик.

Инвертерите се доделени во следните општини:

Кисела Вода 1184
Ѓорче Петров 1058
Гази Баба 947
Бутел 718
Чаир 704
Карпош 630
Аеродром 542
Центар 306
Сарај 226
Шуто Оризари 167
Други 15

Општина Кичево наместо предвидените 800 клима уреди, додели 810, затоа што останале средства од предвидениот буџет.
По завршувањето на акцијата од добиени 49.496.058,00 денари останати се 103.942,00 денари.
Покриена беше територијата на цела општина, аплицираа баратели со живеалишта и од град и од село, со тоа што во најголем процент од околу 90% барателите беа од Кичево.

Општина Тетово наместо предвидените 1500 субвенции, додели 1589 клима уреди бидејќи исто така и во оваа општина останале средства.
Субвенциите од вкупно 92.700.000 денари биле целосно поделени, во Тетово и населените места Порој и Голема Речица.

Општина Битола доби 155 милиони денари за акцијата, од кои останале помалку од 1 милион денари. Досега се доделени 2500 инвертери.

Евротип
Евротип
To Top