Новости

Економија

Економскиот проблем на Германија, кој и мигрантите не можат да го решат

Зголемената просечна возраст на населението во Германија ќе ја исцрпи енергијата од економијата во следната деценија и дури миграцијата не е доволна за да го реши овој проблем, вели Bundesbank во месечниот извештај, распространет денес.

Аналитичарите предвидуваат дека потенцијалот за раст на Германија ќе се забави и ќе падне до 0.75% во периодот 2021 – 2025 година. Според нив главна причина за тоа е стареењето на населението.

Во следната деценија бројот на луѓето во работна возраст (меѓу 15 и 74 години, според извештајот) ќе се намали за речиси 2,5 милиони.

Според истражувањето за истиот период во земјата ќе влезат не повеќе од 2 милиони мигранти, погодни за работа.

Извор: standard.mk

Евротип
Евротип
To Top