Новости

Економија

За половина денар поевтинуваат бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од вечерва на полноќ бензинот и дизел горивото да поевтинат за половина денар, додека нафтата за домаќинствата ќе се продава за еден денар пониска цена. И на мазутот се намалува цената.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг и сега ќе изнесува 35,393 ден/кг, соопшти Регулаторната комисија за енергетика наведувајќи дека станува збор за намалување во просек з 1,35 отсто.

Новите цени ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95    –  67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98     –  69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    –  56,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) –  45,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС                                             – 35,393 (денари/килограм)

Евротип
SNBROKER
To Top