Новости

Економија

Зголемени увозните цени во одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни годинава се повисоки за 14,2 отсто на месечно ниво и за 131,8 отсто на годишно ниво, информира Државниот завод за статистика.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Нивни главни корисници се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Евротип
SNBROKER
To Top