Новости

Економија

Зошто доларот станува посилен од ден на ден?

61.5812 денари чини денеска еден американски долар според курсната листа на Народната банка.

Доларот е поскап и од еврото веќе со денови. Со тоа се покажува моќта на доларот која постојано расте во однос на останатите валути.

На краток рок, слабеењето на доларот е веројатно, бидејќи европските влади ја апсорбираат финансиската закана за нивните економии од цените на енергијата, а странските централни банки брзаат да ги достигнат Федералните резерви во поглед на зголемување на каматните стапки, анализира Волстрит журнал.

Според весникот, напливот на оптимизам на пазарите во петокот доведе до пад на доларот, бидејќи парите што се бараа како резерва не беа обезбедени.

САД на почетокот ја изгубија својата конкурентска предност – па доларот мораше да падне за да станат привлечни за странскиот капитал.

Циклусот за учеството на капиталните трошоци во бруто домашниот производ се совпаѓа со оној на доларот, на околу 17 години, додека работите кои се важни на краток рок, како што е монетарната политика, имаат мало влијание на толку долг период.

Нема ништо магично во тоа дека минатите циклуси траеле 17 години и нема причина да се мисли дека идните ќе бидат со иста должина. Овој најнов нагорен тренд на доларот веќе трае подолго од секој од периодите на повеќегодишни добивки откако зелената банкнота беше симната од златниот стандард од претседателот Ричард Никсон во раните 1970-ти.

Од Волстрит журнал велат дека САД завршиле многу подобра работа од остатокот од развиениот свет во обновата на својата економија од финансиската криза. Сега ја имаат предноста што се енергетски моќни, благодарение на уште една иновација предводена од САД.

Кит Јукес, шеф на стратегијата за девизен курс во Сосиете женерал, кој смета дека циклусот можеби сепак се приближува до својот врв, каматните стапки и стравувањата од рецесија ќе го придвижат доларот. Но, тие посочуваат дека ако САД можат да ја задржат својата економска виталност во однос на остатокот од светот, доларот би можел да остане висок уште долго време.

Евротип
SNBROKER
To Top