Новости

Економија

Инфлацијата го погоди и Октоберфест: водата речиси 10 евра, а пивото од 11 евра па нагоре

Сè, па и пивото, поскапува поради инфлацијата, што во Германија не е случај со децении. Литарска кригла на Октоберфест ќе чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, соопштија од градот Минхен.

Цените ќе бидат во просек за 15,77 отсто повисоки од претходниот Октоберфест, 2019 година. Тогаш криглата чинеше меѓу 10,80 и 11,80 евра.

Фестивалот не се одржуваше во последните две години поради пандемија.

Подобро ќе поминат посетителите кои ќе се одлучат за вода, која во просек ќе плаќаат 9,67 евра за литар. Но и тоа е за 80 центи повеќе од 2019. Градот Минхен истакнува дека не одлучува за цените на пијалоците.

Тој како организатор само ги споредува цените што ги одредуваат угостителите со редовните цени на подрачјето на градот кои сега се од 6,70 до 11,20 евра за литар. Инфлацијата, повисоките трошоци за работна сила се главните причини зошто забавата на Октоберфест ќе поскапи, велат домаќините.

Дополнително, повисоки се трошоците за поставување шатори, на пример, изјави за ДПА Петер Инселкамер, претставник на угостителот.

„Добро е што цените на пивото не надминаа 14 евра. Но, тие се сепак доста високи. Во иднина ќе мораме да се погрижиме Октоберфест да остане достапен“, рече директорот на Октоберфест, Клеменс Баумгертнер.

Извор

Евротип
SNBROKER
To Top