Новости

Економија

Каде треба да се обратат физичките и правните лица кои користеле услуги на Еуростандард банка

Народната банка вчера ја затвори Еуростандард банка, а за денеска најави дека ќе побара отварање на стечајна постапка.

“Информации наменети за физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на „Еуростандард банка“ АД Скопје се достапни тука„, информираат од Народната банка.

За дополнителни информации, физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на Еуростандард банка, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

-е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/ 3235-735 (ФОД) и

-е-адресата: info@nbrm.mk или на телефонскиот број: 02/3108-550 (Народна банка).

Извор: emagazin.mk

GOLD
To Top