Новости

Економија

КОНЕЧНО МАЛКУ ПОЕВТИНИ ГОРИВА – бензините паѓаат за еден и пол, а дизелот за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,880 ден/кг.

Од 27.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,880(денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзиво просек бележат намалување: бензинот за 4,152 отсто, дизелот за 4,259 отсто, екстра лесното масло за 4,631 отсто и кај мазутот намалувањето е за 4,31 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,365 отсто.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.7.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Евротип
Евротип
To Top