Новости

Економија

Нови цени од полноќ: Дизелот поевтин за 2 денари, но се уште 12 денари поскап од бензинот

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, дизел горивото од полноќ ќе поевтини за 2 денари. Од утре дизелот наместо 101,5 денари ќе чини 99,5 денари по литар.

Со оглед на тоа што цените на бензините остануваат на исто ниво односно 87,5 денари, цената на дизелот по литар е за 12 денари повисока од цената на литар бензин.

Евротип
SNBROKER
To Top