Новости

Економија

Од денеска поевтини цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на претходната недела.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за половина денар по литар и од полноќ се продаваат, по нови, намалени цени:

– Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 71 денар/литар
– Бензин ЕУРОСУПЕР БС -98: 73,50 денари/литар
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 62 денарa/литар

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се смени, односно останува на исто ниво од минатата недела од 62 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,195 денар/килограм и сега изнесува 36,681 ден/кг.

Евротип
Евротип
To Top