Новости

Економија

Од денеска поевтини цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % .

Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалија за 1,00 денар за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 0,50 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,977 ден/кг и сега изнесува 33,619 ден за кг.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 67,00 денари за литар

Моторен бензин Еуросупер БС -98 69,00 денари за литар

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 59,50 денари за литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 денари за литар

Мазут М-1 НС 33,619 денари за килограм.

GOLD
To Top