Новости

Економија

Од полноќ горивата поевтинуваат

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска ги објави новите, намалени цени на горивата.

Од вечерва на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58.00, односно 60.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 49.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.

GOLD
To Top