Новости

Економија

Од утре дизелот поевтинува, бензините на исто ниво

Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 22.01.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) изнесува 41,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 31,268 ден/кг.

GOLD
To Top