Новости

Економија

Пад на цената на златото

Скапоцените метали претрпеа тежок удар минатата недела, делумно поради посилниот долар, како резултат на намалените очекувања за висока инфлација.

Цената на златото, која некогаш ја надмина вредноста на 2.000 долари, падна до 1.852 долари.

Ова е изненадување затоа што златото во историјата безброј пати одговори позитивно на падот на берзите. Но не овој пат.

Во март, златото за енда унца од 31,1 грам се лизна на 1.451 долари, по што во првата недела од август се искачи на рекордни 2073 долари.

Очигледно, моментумот сега е истечен, иако целата ситуација (особено печатењето пари на централната банка) сè уште зборува во прилог на златото.

GOLD
To Top