Новости

Економија

Пад на цените на нафтата по воведениот карантин во Шангај поради Ковид-19

Цените на нафтата во светот денеска паднаа откако Кина, поради коронавирусот, го стави во карантин цел Шангај, важен финансиски и производствен центар.

Цената на нафтата Брент падна за повеќе од 4,5 долари за барел поради загриженоста дека „заклучувањето“ на Шангај може да доведе до пад на побарувачката за нафта, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, и покрај падот, цените на нафтата и понатаму се за скоро 80 отсто повисоки од лани, а војната во Украина придонесе за големиот раст.

Денешното ставање на Шангај во карантин е најголемо „заклучување“ во Кина од почетокот на пандемијата на коронавирус пред повеќе од две години.

Евротип
SNBROKER
To Top