Новости

Економија

Повторно почна исплатата на ваучерите за одмор

Министерството за економија одново започна со исплата на ваучери за одмор за работници со ниски приходи, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот профил на „Фејсбук“.

– Досега се исплатени 23 милиони денари за 2.000 ваучери за домашен туризам за работници со ниски приходи за домашните хотелски капацитети – истакна тој.

Министерот додаде и дека согласно Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи, за 2021 година за оваа мерка се предвидени 38 милиони денари за околу 3.500 домаќинства.

Евротип
SNBROKER
To Top