Новости

Економија

Пратениците изгласаа намалување на ДДВ за струјата

Пратениците во собранието ги изгласаа измените на Законот за додадена вредност, со што ДДВ-то за прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти.

ДДВ од 5 отсто ќе важи до 30 јуни 2022 година, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ ќе се накачи за пет проценти односно ќе изнесува 10 отсто. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка повторно ќе се врати на досегашните 10 проценти.

И покрај тоа што поминаа законските измени, ДДВ ќе биде 5 отсто откако ќе влезе во службен весник. Тоа значи дека на граѓаните за претходниот период ќе им се пресмета повисока цена без намален данок.

СН Брокер
To Top