Новости

Економија

Просечната месечна исплатена нето-плата за јануари 2021 година изнесува 28.272 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година е зголемена за 2,7 отсто, но во однос на претходниот месец остана непроменета.

Ваквото зголемување во однос на лани истиот месец се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.4 %), Уметност, забава и рекреација (8.4 %) и Информации и комуникации (8.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.9 %) и Информации и комуникации (5.4 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2021 година, изнесува 28 272 денари.

GOLD
To Top