Новости

Економија

Протест на музичарите и угостителите пред Владата

Музичарот Даниел Сидовски денеска на протестот пред Владата изјави дека сите се засегнати од пандемијата и мерките кои се наметнуваат.

Ги повика присутните на протестот да аплаудираат со цел да ги чуе и премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека се прелеа чашата, но и дека следат што се случува со пандемијата во светот.

Властите ги обвини дека преку ноќ ги менуваат мислењата.

„Зошто ги менувате одлуките преку ноќ само вие си знаете, а ние само можеме да претпоставуваме“, рече Сидовски.

Велат дека се во бродот кој полека тоне и ќе го допре дното, а при тоа додаваат дека има и фабрики со по 5.000 луѓе кои работат.

Според одлуката на Владата за новите протоколи, се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект ќе можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

На протестот, угостителите и дел од музичарите побараа средба со претставници од Владата за да им ги презентираат нивните барања.

Дадоа рок од два дена и рекоа дека со мерките се загрозени 20.000 работници, односно индиректно 100.000 луѓе.

Извор: faktor.mk

GOLD
To Top