Новости

Економија

Регулаторна: Горивата од утре поскапуваат по еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се зголемат за по еден денар.

Во согласност со методологијата за пресметка, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.23%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по еден денари. Соодветно на тоа, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 76.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 78.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини  68.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Евротип
Евротип
To Top