Новости

Економија

Регулаторна: Дизелот поскапува еден денар, бензините по денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва се зголемуваат цените на бензините и на дизелот.

Од вечерва на полноќ, бензините поскапуваат по денар и половина, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 62.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 64.50 денари.

Цената на дизелот се зголемува за еден денар, па еден литар Еуродизел ќе чини 53.00 денари.

Новите, повисоки цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следниот понеделник.

Евротип
SNBROKER
To Top