Новости

Економија

Рубљата падна во однос на доларот и еврото

Руската рубља падна на најниско ниво во последните две недели во однос на доларот и еврото во утринското тргување на Московската берза, продолжувајќи ги загубите забележани на претходната седница, додека играчите на пазарот очекуваат повеќе информации за можни валутни интервенции од страна на владата.

Трендот на намалување на руската берза започна кон крајот на минатата недела, откако гасниот гигант Гаспром ја откажа дивидендата за прв пат по повеќе од две децении.

Рубљата ослабе во тргувањето до 7:38 часот по средноевропско време за 1,4 отсто на 55,27 рубљи за долар, откако претходно падна на 56,5050, најниско ниво од 20 јуни, пренесува Танјуг.

Руската валута падна за 1,3 отсто на 57,29 рубљи во однос на еврото, а претходно на отворањето на тргувањето го допре и најниското ниво во последните две недели од 58,90 рубљи за евро.

Министерот за финансии Антон Силуанов минатата среда изјави дека Русија може да ги намали државните трошоци и да ги насочи средствата за интервенции на девизниот пазар за да го ограничи зајакнувањето на рубљата, што ги загрозува буџетските приходи.

Минатонеделното зајакнување на рубљата, кое во средата го достигна највисокото ниво во последните седум години во однос на доларот и еврото, предизвика загриженост кај официјалните лица и компаниите фокусирани на извозот бидејќи ги еродира приходите од доларот и еврото што Русија ги заработува од извоз на стоки.

Евротип
SNBROKER
To Top