Новости

Економија

Со најновата одлука на РКЕ, македонските граѓани ќе точат најевтин бензин во регионот

Претходно Н1 извести дека бензинот од 95 октани е најевтин во Црна Гора со цена од 1,45 евра, а со најновата одлука на Регулаторната комисија граѓаните на Македонија ќе точат најевтин бензин и тој ќе се продава за 1,43 евра
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одлучи да ги намали цените бензините во земјава, додека цените на дизелот и мазутот остануваат исти.

Според одлуката, која стапува во сила вечерва на полноќ, цената на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалува за два денари за литар и ќе изнесува 88 и 90 денари. Исто така, за два денари се намалува и цената на ектра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 85,5 денари за литар.

РКЕ одлучи да не ги менува цените на еуродизел (Д-Е V) кој и понатаму ќе се продава по цена од 90 денари за литар. Иста останува и цената на мазутот (М-1 НС) и ќе се продава по цена од 52,786 денари по килограм.

Претходно Н1 извести дека бензинот од 95 октани е најевтин во Црна Гора со цена од 1,45 евра, а со најновата одлука на Регулаторната комисија граѓаните на Македонија ќе тоачат најевтин бензин и, според средниот курс на Народната банка, тој ќе се продава за 1,43 евра.

Граѓаните на Србија во моментов точат најскап бензин во споредба со другите жители од регионот. Цената е 184 динари, што според средниот курс на Народната банка на Србија е 1,57 евра.

Дизелот останува да биде најевтин во Македонија со цена од 1,47 евра, според средниот курс на НБРМ.

Евротип
SNBROKER
To Top