Новости

Економија

Хоџа: Пратениците да дадат поддршка за измените со кои недела ќе биде неработен ден

На новинарско прашање на денешната пресконференција на владините портпароли за одлуката на Владата за „недела неработен ден“ од октомври, истакнаа дека Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи со кој се предвидува денот недела да биде ден за неделен одмор сѐ уште не е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

„Владата очекува дека ова законско решение наскоро ќе помине на матичната комисија, а потоа согласно собраниските процедури да се најде и пред пратениците на пленарна собраниска седница. Апелираме до сите пратеници и од власта и од опозицијата да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните на нашата држава“, нагласија портпаролите.

Евротип
Евротип
To Top