Новости

Економија

Цената на бензинот „еуросупер БС-95“ се намалува за половина денар, дизелот поскапува

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 проценти, во однос на минатата недела.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 59,50 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“, не се менува и ќе изнесува 61,50 денари за литар.

Малопродажната цена на „еуродизел“ од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар и ќе изнесува 51,50 денари за литар.

GOLD
To Top