Новости

Економија

Цените на нафтата пак растат – втора недела по ред поради силната кинеската побарувачка

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,8 отсто, на 87,63 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,8 отсто, на 81,30 долари.

На глобалните пазари цените на нафтата пораснаа минатата недела втора недела по ред, бидејќи трговците очекуваат раст на кинеската побарувачка, додека загриженоста за рецесија во западните економии замина на втор план.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,8 отсто, на 87,63 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,8 отсто, на 81,30 долари, пренесува Хина.

Порастот на цените втора недела по ред најмногу се должи на очекувањата дека по укинувањето на строгите мерки за коронавирусот ќе се забрза растот на кинеската економија, што ќе ја поттикне и побарувачката на нафта, имајќи предвид дека Кина е светски најголемиот увозник на „црното злато“.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) прогнозира дека, благодарение на Кина, глобалната побарувачка за нафта оваа година ќе достигне рекордни 101,7 милиони барели дневно, а Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), исто така, очекува кинеско закрепнување.

„Многу трговци веруваат дека ќе бидеме сведоци на посилна побарувачка од Кина бидејќи таа ги укинува мерките за коронавирусот од ден на ден“, рече Наем Аслам од Avatrade.

Цените на нафтата се поддржани од надежта дека американската централна банка нема да ги зголеми каматните стапки на толку високи нивоа како што очекуваат челниците на ФЕД.

Имено, повеќето челници на ФЕД деновиве велат дека ќе треба да ги зголемат клучните каматни стапки над нивото од пет проценти за да ја потиснат инфлацијата.

Но, трговците на пазарот на пари проценуваат дека конечната каматна стапка, со која ФЕД би го запрела циклусот на покачување, би можела да биде 4,89 отсто.

Покрај тоа, трговците се надеваат дека американската економија ќе избегне рецесија.

„Се зголемуваат шансите американската економија да забави само малку“, изјави минатата недела потпретседателката на ФЕД, Лаел Брејнард.

Поддршка на цените обезбедува и падот на вредноста на доларот во однос на кошничката валути. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, падна за 1,4 отсто од почетокот на годината, на најниско ниво од јуни минатата година.

А тоа ја поддржува побарувачката бидејќи слабеењето на доларот ја зајакнува куповната моќ на оние кои купуваат нафта во други валути.

Евротип
SNBROKER
To Top