Новости

Економија

5 навики на милионерите за успех на берзата

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Едни од најинтересните статистички податоци за милионерите се објавени во книгата „Соседот милионер“. Во неа се вели дека повеќе од половина од милионерите никогаш не добиле ни долар од семејствата во форма на наследство, пишува Тимоти Сајкс во „Huffpost“ .

Тоа само покажува колку се посветени на она што го прават и колку се амбициозни овие луѓе.

„На берзата може да станете милионер. Јас го направив тоа, како и многу од моите ученици кои беа дел од Милионерскиот предизвик на Тим Сајкс“, вели тој.

Меѓутоа, за да го постигнете ова, прво треба да ги стекнете следните пет навики:

1. Дали имате потребното трпение?

Трпението е секогаш доблест на берзата. Милионерите кои тргуваат со акции не можат да бидат потресени од било какви ненадејни, краткотрјани падови на цените на акциите. Тие знаат дека надолното движење е само привремено, и дека уште поголем профит се открива пред нив.

Како пример може да служи Imperial Brands Group PLC. Акциите на компанијата поевтинија за близу 800 поени од достигнатиот во 2017 година врв од над 3.900. Ако сепак ги погледнете прогнозите, според нив се очекува тие да се претстават подобро од пазарот и во 2018 година да ги надминат овие врвови.

Сепак, повеќето инвеститори никогаш нема да ги направат тие профити, бидејќи тие се испаничија и ги продадоа акциите.

при трговијата со акции, мора да се занимавате со ова долгорочно.

2. Дали сте доволно посветени на ова?

Инвеститорите трошат малку време во тргување, додека истражуваат остатокот од времето. Тие ја користат и техничката и основната анализа во истражувањето на акциите на компанијата. Тие знаат колку брзо пазарот може да се промени и затоа никогаш не престануваат да се едуцираат.

Поради оваа причина, учениците нс Сајкс поминуваат 12-16 часа дневно во кои постојано учат нови работи. Оваа посветеност последователно се исплаќа на многумина од нив.

3. Дали сте доволно амбициозни?

Поставувањето цели е секогаш важно. Мора да бидете доволно амбициозни да целите на Месечината. Во исто време, ова не значи дека милионерите кои тргуваат со акции целат на огромни профити од поединечни договори.

Поголемиот дел од богатството се акумулира во текот на подолг временски период, при што добивката на секој договор е умерена.

„Мора да имате цели, но не носете глупави решенија додека се обидувате да ги постигнете“, вели Сајкс.

4. Дали учите од своите грешки?

Ова не е вистински пример за акции, но може да ве научи важна лекција. Пред 2008 година, идејата дека барел нафта би чинел помалку од 100 долари, се сметало за глупаво. Секој што ќе речеше, такво нешто веднаш ќе се стигматизираше како будала.

Сега во 2017 година цената е 55 долари за барел. Ништо не е сигурно, но многу инвеститори го научија ова на потешкиот начин.

Истото важи и за секоја акција. Важно е да учите од своите грешки и да се прилагодувате. Не дозволувајте вашите грешки да ги банкротираат вашите сметки.

5. Кој е вашиот сегмент?

Подобрете го вашето знаење на мал сегмент од пазарот. Тоа го прават сите водечки инвеститори.

Тие се усовршени во сегмент, со тоа што учат сè за акциите на компаниите во него и гледајќи сè што се случува во индустријата. Ова веднаш им дава предност пред сите други.

„Ви препорачувам да најдете сегмент кој ви се допаѓа, дури и ако не сте експерт и да станете специјалист во индустријата. Поради тоа, прочитајте сè“, смета Сајкс.

Извор: standard.mk

GOLD
To Top