Новости

Економија

Интервју со Хелена Цветкоска: Бувчето Винко ви го претставува најповолниот детски пакет за осигурување

Родители, доколку сте размислувале како да им ја овозможите најдобрата иднина на вашите најмили, повеќе не барајте решенија. Бувчето Винко ќе се погрижи за се! Детскиот пакет Бувчето Винко е резултат на СН Осигурителен Брокер и Винер Лајф, а за она што го нуди поразговаравме со раководителот за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер, Хелена Цветкоска.

Шеталиште: Што всушност претставува бувчето Винко ?

Хелена: Бувчето Винко е резултат на одличната соработка помеѓу СН Осигурителен Брокер и Винер Лајф. Преку бувчето Винко сакаме да го претставиме нашиот најнов продукт на осигурителниот пазар кој се однесува на најважните членови во едно семејство.

Го избравме токму бувчето како симбол за детскиот пакет заради карактеристиките по кои е препознатлива оваа птица. Нашето бувче е биолог кое сака да решава загатки и да носи мудри одлуки за прашања кои се однесуваат на иднината и нестрпливо чека да биде запознаен со најмладата популација.

Шеталиште: Што е целта на бувчето Винко ?

Хелена: Главната цел на овој пакет е да се изврши на некој начин едно позитивно влијание врз свеста кај македонските семејства за децата од мали да создаваат дисциплина за штедење.

Како на пример, ако се сеќавате, кога нашите родители ни купувале касички се со цел да заштедиме за нешто што сме го сакале во моментот. Сакаме со помош на Бувчето Винко, децата преку игра и забава да се стекнат со навика за штедење. Детското животно осигурување е насочено кон обезбедување финансии, здравствени моменти и понатамошната едукација на детето.

Шеталиште: По што се разликува овој пакет од другите пакети за детско осигурување на другите компании?

Хелена: Најпрво би сакала да укажам на фактот дека на пазарот веќе има пакети кои го нудат детското осигурување од повеќе осигурителни компании кои се квалитетни и добри, меѓутоа можам гордо да кажам дека проектот на кој работев има карактеристики по кои се разликува од се што досега било претставено на пазарот. Може слободно да се изразам дека овој пакет е резултат на моето искуство и моите мислења кои сум ги имала како дете и ученик. Се сеќавам дека имало ситуации кога биле наградувани само одредена категорија на ученици т.е оние со 5.00 просек и со тоа се правело автоматски еден вид на дискриминација. Она што јас сакав да го издејствувам е сите деца кои би биле осигуреници и кои би штеделе на ваков начин по завршувањето на основното образование да бидат наградени без разлика на успехот кој го имале. Овој момент ќе го искористам и да им се заблагодарам на извршните директори на СН Осигурителен Брокер, Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски кои ми дадоа голема поддршка за оваа моја идеја да биде конечно реализирана.

Шеталиште: Зошто баш бувчето Винко ?

Хелена: Идејата за да се направи овој пакет ми произлезе токму од клиентите и мојата голема љубов спрема децата.Тие најчесто се интересираа за ваков тип на пакет и тоа беше редовно прашање.

Од таа причинa, јас како претставник на СН Осигурителен брокер во заедничка соработка со Винер Лајф како осигурителна компанија која е докажана во областа на осигурувањето го креиравме Бувчето Винко.

Бувчето Винко е наменет за најмладата популација – децата, тие се ставени во центарот на внимание на овој пакет преку кој се овозможува да се соберат финансиски средства за понатамошна едукација на најдобрите приватни универзитети во Македонија.

Шеталиште: Која група на луѓе се најчесто клиенти ? Секогаш има реакции од типот: дали можеби станува збор за осигурување кое е исплатливо само ако има некоја превисока премија ?

Хелена: Таргет група за овој пакет се сите родители кои чувствуваат одговорност, кои се грижат за образованието и понатамошната едукација на своето дете. Знаете ли Вие некој родител кој не ги поседува овие карактеристики ? Не, нели? Тоа е и одговорот на прашањето – клиенти се сите родители, баби и дедовци, тетки и било кој што сака, кој е заинтересиран за да направи еден фонд на пари за дете до 14г.

Кога станува збор за премијата, таа се бира од страна на клиентот. Вредно и напорно работевме за да може да го дозволи апсолутно секој заинтересиран човек и да ги тргнеме бариерите во врска со тие „превисоки премии”.

Во наша полза за оттргнување на тие бариери може да се спомене и зголемениот интерес на луѓето во врска со животното осигурување. За среќа тоа веќе не е табу тема колку порано.

Шеталиште:  Што ќе ни кажете за крај на ова интервју ?

Хелена:  За крај би сакала да Ве поканам да не следите на социјалните мрежи каде ќе биде објавен денот кога ќе се дружиме со Винко во ЗОО во Скопје и да бидете дел од таа средба каде што Бувчето Винко на сите негови другарчиња ќе им доделува играчки за забавно исполнување на времето.

Дополнително, во овој промотивен период Бувчето Винко овозможува и организирање посета на аквапаркот во Пробиштип за првите 20 дечиња.

За подетални информации во врска со пакетот, Ве очекуваме на 078 418 397 и helena.cvetkoska@snbroker.mk

 

 

 

 

GOLD
To Top