Новости

Автомобили

Jeep веќе не го крие големиот теренец (фото)

Компанијата „Jeep“ го искористи автосаемот во Шангај, за да покаже прототип на теренец со името „Yuntu“. Машината е предвесник на голем модел кој ќе стане предводник на брендот за кинескиот пазар. Во Европа возилото најверојатно ќе се продава под друго име, под услов да биде оценето дека тој ќе има успех на овој континент

Теренецот ја добил корпоративната решетка на ладилникот со 7 секции, „LED“ светла и големи алуминиумски бандажи. Прототипот нема централна колона, а вратите се отвораат спротивно од правецот на движење, за да може да се олесни пристапот на патниците во кабината.

На фотографиите се гледаат 6 одделни места во кабината, но се знае дека серискиот модел ќе располага со 7, а ќе биде изграден по шемата 2 + 3 + 2 седишта. Најголемиот кросовер е опремен со хибриден агрегат, чии карактеристики засега остануваат во тајност. На пазарот ќе се нудат и две бензински модификации – 2.0-литарски мотор со 4 цилиндри и со 3.0-литарски V6.

Според податоците серискиот теренец ќе се појави во 2018-та година, а притоа ќе мора да се натпреварува со „Volkswagen Teramont“, „Ford Edge“ и „Toyota Highlander“. Производството во Кина ќе се одвива во Гаунчжоу. Најверојатно за моделот ќе биде обновено името „Commander“ под кое „Jeep“ продаваше голем теренец во периодот 2005-2010-та година.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top