Новости

Економија

Ryanair: На работниците 700 откази, на директорите 100 милиони евра бонуси

Нискобуџетната ирска авиокомпанија Ryanair планира да укине 500 до 700 работни места, објави извршниот директор Мајкл О’Лири, кој во исто време, благодарение на зеленото светло на акционерите во наредните пет години може да смета на 100 милиони евра бонус.

Ryanair има повеќе од 500 пилоти, изјави О’Лири, најавувајќи дека планира да укине помеѓу 500 и 700 работни места, вклучувајќи ги и оние во седиштето на компанијата во Даблин.

На некои работници им е понудено неплатено 12 месечно отсуство додека другите од следната недела би можеле да почнат да добиваат известување за отказ, додаде шефот на ирската авиокомпанија.

Ryanair во Европа вработува околу 17.000 работници, а упрацата во јули предупреди дека би можела да намали дури 900 работни места.

Паралелно, акционерите со тесно мнозинство – 50,5 проценти – го одобрија планот за исплата на бонус, според кој на О’Лири во наредните пет години би можело да му бидат исплатени околу 100 милиони евра ако профитабилноста или цената на акциите на компанијата во тој период бидат удвоени.

Во текот на изминатите две години цената на акциите на Ryanair отприлика е преполовена како резултат на серија судири со синдикатите и доцнењата на летови поради приземјувањето на Boeing 737 MAX.

GOLD
To Top