Новости

Економија

Семинар за животно осигурување на СН Осигурителен Брокер АД Битола

На 16.12.2017 во хотелот „City Park“ во Скопје се одржа првиот основен семинар за животно осигурување во СН Осигурителен брокер АД Битола кој беше воден од Хелена Цветкоска, одговорно лице за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

На семинарот беа присутни и извршните директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Зоран Пејчиновски и Христо Кондовски, кој се обрати и ги поздрави присутните кои беа дел од семинарот.

 

Една од темите на семинарот беше претставувањето на плановите на СН Осигурителен брокер за развојот на животното осигурување, проширувањето на тимот, значењето на животното осигурување во секојдневието. На семинарот се обработуваше темата – Зошто ни е потребно животното осигурување, како еден сегмент кој станува дел од секојдневото живеење.

Дел од семинарот исто така беа и нови соработници кои се обучуваа токму на оваа тема.

Целодневната дружба на новите кандидати и вработените во СН Осигурителен брокер заврши со наздравување за уште поголеми успеси во иднина.

GOLD
To Top