Новости

Македонија

“Ѕвона“ e првиот сингл од новиот албум на Каролина Гочева

Во пресрет на Новогодишните празници Каролина Гочева ја објави песната „Ѕвона“, нов сингл од претстојниот албум, кој треба да излезе кон средината на февруари 2018-та година.

Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, а спотот е во режија на Огнен Шапковски – Мелем Продукција.

– Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме, вели Каролина.

Видеото за новиот сингл „Ѕвона“ е објавен на официјалниот YouTube канал на Каролина.

Евротип
Евротип
To Top