Новости

Македонија

Јанева го презентираше извештајот, Илиоски праша дали има прислушкувани разговори на црниот пазар

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го презентираше шестмесечниот извештај на СЈО пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Јанева рече дека со својот тим континуирано работи на откривање кривични дела што произлегуваат од добиените аудиофајлови.

На забелешките во јавноста дека не се третираат прислушувани лица од опозицијата, Јанева рече дека тие не можат да бидат предмет на истрага бидејќи не биле функционери.

Според Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, извештајот е нецелосен и не одговара на сите прашања што треба да ги содржи.

Тој упати забелешка и на ангажирањето вештаци кои се во блиски релации со СДСМ, што според него остава простор за сомнеж.

„Наместо да донесете правна сигурност, вие сте еден од генераторите на правна несигурност“– рече Илиоски.

Илисоки ја праша Јанева дали СДСМ им ги предале сите прислушувани материјали и дали за тоа има записник бидејќи, како што рече, се слуша дека се уште има такви разговори кои не им се предадени и се на црниот пазар.

Ја разбирам нервозата на пратеникот зошто СЈО продолжува да работи, одговори специјалната jавна обвинителка, Катица Јанева за тврдењето на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО станало во генератор на правна несигурност.

„Специјалното јавно обвинителство работи според законот, кој вели до завршување на сите постапки“ – рече Јанева.

Јанева одговори дека СЈО направило попис на целокупниот прислушуван материјал што како доказ се наоѓа во судот, а е поврзан со предметот „Таргет-Тврдина“.

 

 

Евротип
Евротип
To Top