Новости

Македонија

Јанева не доставила оставка до советот на јавни обвинители

Катица Јанева најави оставка, но специјалната обвинителка не доставила оставка до советот на јавните обвинители.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не доставила оставка до советот на јавни обвинители. Ова го изјави претседателот на советот на јавни обвинители Коле Штерјов.

– Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот вели за слободен печат, претседателот на советот Коле Штерјов

Инаку, по потврдата на обвинителката Рускоска за Канал 5  дека Катица Јанева го форматирала вториот мобилен телефон ги подгреа сомнежите за нејзина поврзаност со случајот „Рекет“. Засега Обвинителството за организиран криминал не открива  детали  дали го истражува и барањето за бришење на компјутерите во СЈО. Тимот на Рускоска заминува на годишен одмор но истрагата велат продолжува.

GOLD
To Top