Новости

Македонија

Јанева не е сместена во хашкото одделение за да не се сретне со Боки13

Специјалната обвинителка Катица Јанева не е сместена во хашкото одделение во затворот Шутка бидејќи таму се наоѓа Боки13, првоосомничен за Рекет за изнуда на пари.

Управата на затворот за А1.он вели тоа е стандардна процедура и додава дека Јанева е третирана според прописи.

– „Затворската управа направи проценка. Таа е сместена во затворот, но согласно процедурите, да нема контакт со другите осомничени лица во истиот случај. Утрово е однесена на здравствен преглед кај лекар. Ние стоиме зад тоа Јанева не е сместена во хашкото одделение за да не се сретне со Боки 13, велат тие за А1.он.

Таа вчера доби 30. дневен притвор за Рекет, а во видеата кои ги објавуваше Ла Верита се слушна нејзиниот глас како вели на Камчев дека се ќе биде добро.

Русковска вчера рече дека ако немала доволно докази немало да бара притвор.

GOLD
To Top