Новости

Македонија

Јанева ќе го понуди имотот како гаранција за да излезе од притворот во Шутка

Адвокатката на разрешената шефица на СЈО, Ирена Фрчкоска, изјави дека ќе го понудат имотот на Катица Јанева како гаранција за да и биде укината мерка притвор.

– Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија –-за ТВ21 изјави Ирена Фрчкоска.

Таа рече дека одлуките и од саботата, но и денешната на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Најави дека е можно да поднесат тужба.

Овие денови истекува и 30-дневниот притвор на Јанева.

GOLD
To Top