Новости

Македонија

Јовески: „Рекет“ се проширува со 4 нови осомничени

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески пред малку најави дека истрагата за случајот „Рекет“ се проширува за уште четири лица за перење пари и помагање во делот на измамата, поврзани со Меѓународниот сојуз.

Според него истрагата се проширува со четири физички лица и едно правно, а обивнителството ќе побара притвор за едно од нив, а превентивни мерки за останатите.

Четворицата ново осомничени наводно биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“.

GOLD
To Top