Новости

Македонија

Џафери: Нема да го прекршам Уставот ако го пуштам законот во Службен весник со еден потпис

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдува дека Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник само со негов потпис, а ќе има и образложение дека претседателот Ѓорге Иванов одбил да го потпише и дека го прекршил Уставот за што ќе треба и кривично да одговара.

Џафери додава дека негова обврска е да овозможи спроведување на Законот за јазици, кој со Собранието добил поддршка од мнозинството пратеници, и дека со тоа што ќе го достави до Службен весник само со еден потпис нема да направи прекршување на Уставот. Упатувањето на законот за објавување не е кривично дело, објасни Џафери.

Собранискиот претседател не прецизира кога ќе го испрати Законот за јазици во Службен весник и додаде дека тоа ќе биде негова проценка.

На новинарските забелешки дали собраниските служби, односно генералниот секратар на Собранието, би прифатил закон со еден потпис да достави до Службен весник, според Џафери, тоа е  обврска која не може да се избегне.

Прекршувањето на Уставот, вели Џафери би било ако тој како претседател на законодавниот дом не овозможи донесениот закон да почне да се применува и во пракса. Џафери, оваа своја намера, ја поткрепува со членот 75 став 1 од Уставот, но и на членот 8, нагласувајќи дека обврска на функционерите е да не ги попречуваат другите институции во нивната работа.

Според членот 75 од Уставот, шефот на државата може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Законот за јазици кој во Собранието помина со европско знаменце и за него гласаа 69 пратеници , но Џафери кога зборува за одговорност на Иванов кој пак одбива да го потпише закон за кој смета дека е неуставен, се повикува на овој член од Уставот но само на ставот кај што вели Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: +инфо

Евротип
SNBROKER
To Top