Новости

Македонија

Џафери го потпиша законот за јазици и го испрати кај Иванов

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го потпиша Законот за употреба на јазиците кој денеска беше донесен во Собранието на Република Македонија и го испрати кај претседателот Ѓорѓе Иванов да го потпише.

Согласно законот, претседателот има рок од 7 дена по доставувањето да го потпише законот или писмено да го извести претседателот на Собранието доколку одбиe да го потпише.

Законот за јазиците беше изгласан денеска во Собранието со 64 гласови „за“. Пред Собранието сѐ уште има демонстранти кои протестираат против овој закон. Тие испратија писмо до претседателот Иванов со кое го повикуваат да не го потпишува Законот за јазиците.

Евротип
SNBROKER
To Top