Новости

Македонија

Џафери за Илинден на Мечкин Камен, изборите ќе ги распише на 6 август

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на прес-конференција го даде отчетот за работата на Собранието во првите 100 дена од неговото работење. Џафери оцени дека условите се драстично попозитивни денес.

Исто така тој потврди дека ќе се обрати од Мечкин Камен, Крушево на 2 август, а локалните избори ќе ги распише на 6 август, согласно тоа ќе треба да се одржат на 15 октомври.

Пратениците ќе бидат на одмор од 8 до 25 август.

 

GOLD
To Top