Новости

Македонија

Џорџ Буш ги повика македонските граѓани да излезат на референдум

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш преку писмо ги повика македонските граѓани да излезат на референдум . Во писмото, меѓудругото, Буш ја спомнува и 2008 година кога ги повикал сојузниците од НАТО да ја примат нашата земја, пријателството со претседателот Борис Трајковски, како и поддршката на САД за Македонија од осамостојувањето до сега.

„Им препорачувам на сите граѓани на Македонија да учествуваат во исторската одлука и да гласаат на референдумот на крајот на месецот. После декада на назадување, имате моќ да напишете нова, понадежна приказна за вас, за вашите деца, вашите соседи и вашата земја. Историски најголемиот сојуз за слобода чува место за земјата која ја сакате и го очекувам денот кога САД гордо ќе ја пречека Република Северна Македонија како наш нов сојузник, 30. Членка на НАТО“, пишува во писмото на Буш до македонските граѓани.

Целото писмо ТУКА.

Извор: emagazin.mk

GOLD
SN Finansii
To Top