Новости

Македонија

АМСМ: Сообраќајот по влажни коловози, магла на превојот Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места во западните и североисточните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.  

GOLD
To Top